Свет

Нов обид на НАСА ракетата „Артемис-1“ да ја испрати кон Месечината

03.09.2022 09:09

Лансирањето на беспилотната мисија „Артемис-1“ е закажано за 14:17 часот по локално време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида, со можност за одложување и до два часа доколку е потребно.

Доколку се обезбедат поволни временски услови и откако ги отстрани техничките проблеми, американската вселенска агенција НАСА во следните неколку часа ќе се обиде уште еднаш да ја лансира на Месечината својата досега најмоќна ракета „Артемис-1“.   

Лансирањето на беспилотната мисија „Артемис-1“ е закажано за 14:17 часот по локално време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида, со можност за одложување и до два часа доколку е потребно.

Целта на ракетата висока речиси 100 метри ќе биде да фрли капсула во правец на Месечината, нешто што не се случило од крајот на проектот Аполо во 1972 година.

Доколку мисијата денеска почне тогаш капсулата „Орион“, што е фиксирана на врвот од ракетата, во вселенатра ќе треба да мине 37 дена, орбитирајќи околу Месечината на оддалеченост од речиси 100 километри.

„Артемис-1“ е пробен лет без екипаж во вселената, но ако мисијата се одвива според планот, тогаш на „Артемис -2“, која се очекува да биде лансирана во 2024 година, речиси сигурно ќе има екипаж.