Криза

Скапата електрична енергија е закана за опстанокот на текстилниот сектор

03.09.2022 12:15

Текстилниот сектор има зголемен обем на работа, но заради скапата електрична енергија работи со загуба. Дел од конфекционерите се оптимисти дека ова е привремена состојба, но доколку во наредните месеци состојбата не се подобри, размислуваат за затворање на фабриките…

Текстилниот сектор подолг период се бори со ликвидноста, но сегашната состојба со цената на електричната енергија сериозно го доведува во прашање опстанокот на добар дел од компаниите, чии последни фактури за струја се четири до пет пати поголеми од претходно.

Дел од фабриките имаат инсталирано фотоволтаични панели, со кои до некаде ги намалуваат сметките, некои дури и размислуваат да ги затворат фабриките и да заработуваат само од продажба на електрична енергија.

Никој не знае колку ќе трае енергетската криза, неизвесноста е најголем проблем за стопанството во целина.

Крајот на пандемијата и војната во Украина го зголемија обемот на работа на текстилните компании, но ценовниот шок од сметките за електрична енергија, велат, ги урна сите надежи дека ќе дојде до стабилизација во овој сектор.

Славица Величковска