Македонија

МВР: 157 сообраќајни прекршоци во Скопје

03.09.2022 09:17

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Засилените акциски контроли продолжуваат, соопштуваат од МВР.