Фестивал на џез, ворлд и современа музика во Велес
Првиот Фестивал на џез, ворлд и современа музика во Велес ќе се одржи од 4-ти до 10-ти септември. Организаторот најави седум учесници и богата придружна програма, поделена по жанрови…

Од 4-ти до 10-ти септември Велес ќе биде домаќин на првиот Фестивал на џез, ворлд и современа музика. Тој ќе се одржи на неколку локации, а организатор е здружението „Арт Генератор“, кое ја доби делегираната надлежност за организација на настанот.
На фестивалот ќе настапат составот Перија, Енес Беговски, Дина Јашари, Сашко Костов, Летачки Пекинезери, Такси Конзилиум, Бобхедс. Концертите на Спомен Костурница во „Паб“ се бесплатни, додека концертите во салата на Велешки театар се со билет.
Предвидено е фестивалот на да има четири вечери, концептуално поделени по жанрови. Целта е да понуди нова, современа и актуелна музика.
Првиот Фестивал на џез, ворлд и современа музика е финансиски поддржан од Општина Велес и помагачите.
Петар Печков
