Повеќе работа со младите и на меѓуетничката доверба
Безбедносната состојба е стабилна и во моментов нема некој нов посериозен ризик

- Безбедносната состојба е стабилна и во моментов нема некој нов посериозен ризик. Секако дека нe загрижува секој настан, особено доколку некои инциденти ни се повторуваат. Истите се сигнал дека треба многу повеќе да работиме со младите, но и јасно ни кажуваат дека меѓуетничката доверба изминативе 20-ина години не се градела на доволно добра основа, односно изостанувало доволно посветен однос од сите општествени и политички фактори. Ова во интервју за денешен ДНЕВНИК го изјави, Сашо Мијалков, Директорот на Управата за Безбедност и Контраразузнавање.
Лошо е што овие инциденти, поради контекстот, добиваат посериозно и поинакво значење и испраќаат негативна слика за земјава. Таа порака стигнува и до потенцијалните инвеститори и до нашите партнери од меѓународната заедница. Потоа ни требаат двојно повеќе напори за да ја објасниме ситуацијата и да дојдеме до посакуваната позиција - вели директорот на УБK, Сашо Мијалков, одговарајќи на прашањето за тоа дали последните настани во скопското село Стајковци се знак за нарушување на безбедносната ситуација во Македонија, вели за ДНЕВНИК директорот на УБК Мијалков.
