Еден загинат во сообраќајна несреќа во Велес
18.04.2014 12:08
Дирекно се судрија автомобил БМВ и Сеад Ибица. Од здобиените повреди на лице место животот го загуби педесетиедно годишниот возач на Ибицата...

Страшна сообраќајна несреќа се случи рано изутринава во Велес. Дирекно се судрија автомобил БМВ и Сеад Ибица. Од здобиените повреди на лице место животот го загуби педесетиедно годишниот возач на Ибицата.
„Другиот како пациент е донесен кај нас во утринските часови без телесни повреди и препратен на домашно лекување“, рече Силвана Мишкова, портпарол на Општа болница Велес.
Според првичните информации БМВ-то управувано од дваесет и едно годишен велешаниец доаѓало од улицата „Благој Ѓорев“ додека Ибицата се движела по улицата „8 Септември“. Истаргата која ја направија полицијата и Јавен обвинител, ќе го даде одговорот која е причината за дирекниот судар.
Жителите од околните згради раскажуваат дека силен тресок ги пробудило. Не сакаат јавно да говорат. Поради несреќата неколку часа сообраќајот во центарот на градот беше затвортен.
Дијана Иванова
