Инвестиција

Отворено писмо за изградба на технолошки парк

03.09.2022 17:00

Мет Дилон за Македонската телевизија со поддршка за изградба на технолошкиот парк во Скопје. Инвеститорите бараат забрзување на процедурата, зашто секој ден е важен за проектот што треба да донесе развој на регионот.

Отворено писмо од инвеститори до Владата за побрзо одобрување на одлуката за изградба на Технолошки парк во Скопје. Велат- секој ден е важен за инвестицијата што треба да донесе развој за целиот регион. „Економскиот ефект ќе биде голем. Не помалку важен е и едукативниот и забавниот“, изјави за МТВ првиот човек на компанијата што планира да вложува. Поддршка за проектот и од холивудската ѕвезда Мет Дилон.

Ирина Гелевска