Митинг на ВМРО-ДПМНЕ Берово

18.04.2014 12:21

Во неделата имавме јасно изразена волја на граѓаните,успешен изборен ден и 123 илјади гласа разлика за претседателот Иванов.Тоа не дојде случајно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред беровц.Од опозицијата наместо да излезат доблесно да честитаат за победата  и да го признаат поразот,Зоран Заев да се обрати кон гласачите, можеби да даде и некоја нова идеја,  ги потцени граѓаните, обвинува за системски нерегуларности, , а најави и црни сценарија истакна Груевски.

Во неделата имавме јасно изразена волја на граѓаните,успешен изборен ден и 123 илјади гласа разлика за претседателот Иванов.Тоа не дојде случајно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред беровц.Од опозицијата наместо да излезат доблесно да честитаат за победата  и да го признаат поразот,Зоран Заев да се обрати кон гласачите, можеби да даде и некоја нова идеја,  ги потцени граѓаните, обвинува за системски нерегуларности, , а најави и црни сценарија истакна Груевски. Народот следи некого за да види дали е тој зрела и стабилна личност, дали е одговорен, посветен, дали е чесен и има искрен пристап кон граѓаните, за да на крајот даде оценка. Тоа што СДСМ го прави сега, според Груевски, се очајни чекори на очајни луѓе. Вели , дека Зоран Заев знае оти ова е крај на неговата политичка кариера и затоа така се однесува.Нашиот успех рече Груевски не е од вчера за денес, тоа не се прави за 10-сетина дена. Тоа се прави со многу работа, со  труд, со искрен и чесен однос кон народот, со многу направени дела и чекор, со многу реформи и мерки со кои се помага на многу луѓе, со кои се градат многу работи и се решаваат многу проблеми потенцира Груевски.

Кога ќе дојдат избори тој е веќе определен и знае што треба да прави. Попусти му беа сите обиди на Заев тоа да го дискредитира. Народот следеше, мереше и на крајот си ја даде својата оценка. Јас сум убеден дека на 27 април таа поддршка ќе биде уште поголема, особено после ваквото однесување на Заев каде што го девалвираше гласањето на народот, каде што потоа оние што гласале за ВМРО-ДПМНЕ

 

По 27-ми кога ќе дојде одговорот од народот, и ќе се покаже дека него го интересира програма, проекти, решавање на проблеми, покачување на пензии, плати,социјална помош и многу конкретни проекти, тогаш опозицјаата вели Груевски  ќе се грабнат внатре во партија да се местат, да си прават манипулации.Ние ќе ги оставиме, тоа си е нивна работа. Ние ќе се фокусираме на тоа што го правевме и до сега- работа, работа и само работа . Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски од Берово со апел до оние кои се колебаат за гласање, или би гласале за мала партија, но и до нивните  политиички опоненти  за да гласаат за Новата програма и  проектие в неа.ПОВИКА  на обединување за, како што рече, најквалитетната програма која е за сите граѓани.

Направен е јасен избор за еден концепт кој што носи прогрес и во кој има огрома разлика помеѓу она што ВМРО-ДПМНЕ го работи и она што СДСМ го предлага, огромна разлика помеѓу цврсто дадениот збор преточен во програма и проекти наспроти лесно даденото ветување од страна на СДСМ.

Сега е време кога треба да се направат нови заложби за македонскиот просперитет. Светот е во постојан натпревар за инвестиции и за развој. И ние сме дел од таквиот свет. И нашите политики се прилагодуваат на новите, променети околности, рече претседаелскиот кандида Ѓорге Иванов на митингот во Берово.Заеднички ја земаме одговорноста дека ќе ја вратиме надежта, дека заедно со вас одново ќе започнеме да градиме врз пустошот кој го оставија транзицијата и неодговорни политичари од претходниот период.

ВМРО-ДПМНЕ работи за сите и сака да им помогне, а со новаа програма   проектите  ќе се   подорат усовите за живо  и на жителите од малешевијата.  Автопатот Скопје- Свети Николе- Штип,  веќе се гради, ќе има експресниот пат од Штип до Кочани, ќе се градата 9 рудници, ќе има субвенции за земјоделците. Во новата програма еден од ветуваето е отварање на нови 64.000 работни места.