Во Белград завршува меѓународниот саем „Винска визија Отворен Балкан“
Во Белграед денеска завршува Првиот меѓународен саем „Винска Визија Отврен Балкан“ што се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан....

Во Белграед денеска завршува Првиот меѓународен саем „Винска Визија Отврен Балкан“ што се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан. Земјава под слоганот „Вкуси го животот“ на Саемот учествуваше со 42 винарии и три дестилерии кои промовира преку 300 различни вина и ракии, како и производители на храна кои ја претставува автентичната македонска кујна.
Вчера беа доделени наградите Вински трофеј Отворен Балкан за најдобра автохтона сорта на Тиквеш за виното Барово-црвено 2019 и Винскиот трофеј Отворен Балкан за сортата „оранж“ на Камник за виното Оранж-2019. Вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мајстори на виното“.
На политичкиот дел од Самитот беа попишани договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ. Исто така, потпишан беше Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Република Северна Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити. Беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.
Во рамки на Отворен Балкан во Белград се одржа и Македонска вечер, што ја отвори премиерот Ковачевски, на која беа српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, поранешниот премиер Зоран Заев, министри од македоската и српската влада, дипломатскиот кор предводен од амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, бизнисмени од повеќе држави, преставници на македонската дијаспора во Србија, а покрај македонските вина и храна, присатните уживаа со музичките нумери на виртуозот Влатко Стефановски.
