174 санкционирани возачи во Скопје, 93 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат, информираат од МВР.
