Прилеп

Производителите на храна од повеќе региони претставени на манифестацијата „Млеко 2022“

04.09.2022 09:47

Производителите и производството на храна во овие турболентни времиња уште повеќе треба да си го најдат вистинското место со поддршката и соодветниот третман. Во Прилеп се одржува манифестацијата „Млеко 2022“. Производители од повеќе региони го претставија производството. Се согласуваат - им треба организираност, поддршка и свесност дека треба да се работи...

Биено, бело сирење, млечни производи, производи од брашно, мед, од зеленчук и овошје. Производителите на храна од повеќе региони на едно место - во центарот на Прилеп. Ги претставија трудот, маката, врвните производи и потребите за достоинствено да се живее од здраво проиведената храна.

Манифестацијата „Млеко 2022“ отвора и дискусија и бара одговори за соодветниот третман на производителот и валоризирањето на неговиот труд. Љубовта за производството на храна не познава граници. Ја има и кај новинарите.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за земјоделство.

 

Елизабета Митреска