Чешките приоритети со претседатевањето со ЕУ пред народните избраници
Во Комисијата за европски прашања ќе ги презентира амбасадорот во земјава, Јарослав Лудва. Во рамките на ЕУ, оваа земја е гласен поддржувач на санкциите против Русија. Иницира зајакнување на енергетската безбедност, одбранбените капацитети и економската отпорност на Унијата...

Чешките приоритети со претседатевањето со Европската унија утре пред народните избраници. Во Комисијата за европски прашања ќе ги презентира амбасадорот во земјава, Јарослав Лудва.
Во рамките на ЕУ, оваа земја е гласен поддржувач на санкциите против Русија. Иницира зајакнување на енергетската безбедност, одбранбените капацитети и економската отпорност на Унијата.
Минатата недела најави дека планира вонреден самит на земјите- членки со став дека пазарот е надвор од конторла, цените одат нагоре, а поскапувањето на електричната енергија за 20 насто се ургентна тема за дебата.
