Свет
Зеленски: Русија сака да го уништи нормалниот живот
04.09.2022 10:07
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека води енергетска војна. Повика на повеќе единство во Европа...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека води енергетска војна. Повика на повеќе единство во Европа.
Тој истакна дека Русија сака да го уништи нормалниот живот на секој европеец. Преттходно руската енергетска компанија „Газпром“ не ги врати испораките на гас за Германија од „Северен тек 1“, спротивно на претходните планови.
Својот потег го оправда со наводно истекување нафта во компресорската станица „Портоваја“ во близина на Санкт Петербург.
