Грозјето да се плати до крајот на месецов

18.04.2014 12:28

До крајот на месецов сите винарски визби кои ќе сакаат да продолжат со работа ќе мора да го платат ланскиот род на лозарите. Винариите треба да го почитуваат законскиот рок за плаќање на грозјето

Исплатата на лани откупено грозје треба да завршидо крајот на месецов Во спротивно за не плаќачите  се предвидени строги казни па дури и одземање на лиценцата.

Во  Македонија има 85 регистрирани винарски визби со вкупен капацитет од скоро два милиони хектолитри годишно. Дел од нив користат суровина од сопствено производство,а дел  веќе објавија дека исплатата за купената суровина е завршена.

 Според лозарите веќе се извојуваат винариите  кои со плаќањето навреме ја имаат нивната доверба и соработката се проширува.

Во 2013-та беа откупени 160 000 тони винско грозје или за 27 проценти повеќе од претходната година,а беа произведени  100 милиони литри вино.

Методија Трајков