МВР

Приведен криумчар на мигранти

04.09.2022 12:18

Полицијата ноќеска во близина на клучка Неготино приведе едно лице кое во автомобил превезувал осум илегални мигранти, од кои седум од Авганистан и еден од Пакистан...

Полицијата ноќеска во близина на клучка Неготино приведе едно лице кое во автомобил превезувал осум илегални мигранти, од кои седум од Авганистан и еден од Пакистан.

Околу 01:00 часот денеска на автопат „Пријателство“ во правец Демир Капија – Неготино, во близина на клучка Неготино полициски службеници  од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности го лишиле од слобода М.И.(41) од село Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, а во кое превезувал осум лица илегални мигранти (седум од Авганистан и еден од Пакистан), соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител.