Тетово

Промовиран лексиконот „Странски сликари во Македонија“

04.09.2022 13:09

Биографии на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создавани во Македонија преточени во Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“. Се работи за авторско дело на Влатко Милошевски и Зоран Андонов мошне значајно за Македонската историја и непокорот за уметничкото творештво во особено важен период...

Како се живеело во македонските села и градови пред повеќе од еден век, какви биле обичаите. Сето ова по речиси дваесет годишен труд е пренесено во Лексиконот „Странски сликари во Македонија“.

Во него прикажани се делата и биографиите на познати и влијателни уметници од 17 земји, кои сликовито ги пренесувале збуднувањата на македонската територија, во особено важен период. Ова е илустрација направена според делата на Вилам Мод, англиски воен сликар, кој оригинално ја прикажува четата на Јане Сандански и грабнувањето на Мис Стоун.

Идејата за овој труд е на Влатко Милошевски, Тој собрал над 200 слики на странски автори. Со Андонов успеале да создадат печатено издание, од непроценлива вредност за иднината на Македонија.

Лексиконот кој е праткично културен промотор на Македонија е напишан на македонски и англиски јазик.

Зоран Димовски