МВР
Во пукање во Чаир повреден полицаец кој не бил на должност
04.09.2022 13:26
Од Министерството за внатрешни работи, велат дека е утврден идентитетот на напаѓачот и дека се работи на расчистување на случајот.

24- годишен полицаец кој не бил на должност бил повреден од огнено оружје, информираат од МВР. Инцидентот се случил во скопски Чаир, а повредениот посочил дека во него пукало лице од Арачиново.
Од Министерството за внатрешни работи, велат дека е утврден идентитетот на напаѓачот и дека се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 21 часот и 16 минути од Ургентниот центар на „Мајка Тереза“ пријавено е дека кај нив е донесено лице на возраст од 24 години, повреден од огнено оружје на ул.„Методија Митевски“ во Скопје. По кажување на повредениот, во него пукало лице од село Арачиново, велат од МВР.
