НАТО

Македонија ќе биде земја- домаќин на најголемата конференција за комуникатори во НАТО

04.09.2022 14:37

Македонија ќе биде земја- домаќин на најголемата конференција за комуникатори во НАТО. Ќе има над 300 учесници. Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека ќе се разговара на теми поврзани со стратегиските комуникации, односите со јавност, информациските и психолошките операции. Во моментов не постои безбедносна закана за нашата држава…

Во овој момент не постои безбедносна закана за нашата земја, меѓутоа инвестициите во одбрана се дел од стратегискиот одбранбен преглед и дел од долгорочните планирања – изјави министерката за одбрана Петровскап, објаснувајќи дека набавката на противвоздушнаниот систем кој чини околу 66 милиони евра е обврска на државата, а се купува со цел да се гарантира безбедноста на граѓаните и на институциите.

Петровска наведе дека безбедносните предизвици ќе бидат една од точките на која ќе дискутираат околу 300 делегати на претстојната НАТО конференција која ќе се оддржи во земјава.

На конференцијата ќе стане збор и за информациските активности за време на руската агресија во Украина.

 

Анита Димитријевска Велковска