Енергетска криза

Ковачевски: На слободниот пазар се продава електричната енергија од ноќните вишоци

04.09.2022 17:27

ЕСМ и ВМРО-ДПМНЕ со свои вистини за струјата. Првиот човек на компанијата тврди дека ЕСМ на слободниот пазар ја продава електричната енергија од ноќните вишоци и може да ја купи кој сака и има потреба. ВМРО-ДПМНЕ не остапува- имаме докази дека се врши кражба и власта на големо заработува од продажбата...

ЕСМ на слободниот пазар ја продава електричната енергија од ноќните вишоци и може да ја купи било кој што сака и има потреба, а се продава на аукција каде што има највисока цена во конкурентна и транспарентна постапка, тврди директорот на ЕСМ, Ковачевски по обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека истите се продаваат поевтино заради профит.

Од ВМРО- ДПМНЕ не отстапуваат. Велат дека имаат доклази дека ЕСМ продава ноќни вишоци на струја по поевтина цена од берзанската за големи заработки.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, претходно преку негови анализи објави дека за 20 часа СДСМ и ДУИ крадат 10 милиони денари преку продажба на струја, додека народот осиромашува.

Александра Спировска