Криза
Германија: Пакет помош за граѓаните од над 65 милијарди евра
04.09.2022 16:08
Канцеларот Олаф Шолц изјави дека владата подготвила пакет за економска поддршка од 65 милијарди евра.

Германската влада ќе ги користи приходите од даноците за да им помогне на потрошувачите да се справат со зголемените трошоци за енергија. Канцеларот Олаф Шолц изјави дека владата подготвила пакет за економска поддршка од 65 милијарди евра.
„Ќе ја пребродиме оваа зима“, вели тој, додавајќи дека Германија има доволно енергетски резерви за да ја дочека следната година.
Најголемата европска економија се бори со долготрајните ефекти од пандемијата на Ковид-19 како и со инфлацискиот притисок врз храната и енергијата предизвикани од инвазијата врз Украина.
