Каде за Велигденските празници?
Каде за Велигденските празници? Дома или во некоја од туристичките дестинации во земјава или во странство? Граѓаните се определуваат и за двете можности, но сепак домашната атмосфера е попримамлива.
Оние кои се одлучија да патуваат, традиционално ги избираат регионалните туристички центри, како и големите европски метрополи.
Туристичките агенции сепак се задоволни од заинтересираноста на граѓаните за аранжманите кои тие ги нудат.

Додека дел од македонските граѓани Велигденските празници ќе ги поминат во странство, нашите туристички места се се повеќе посетени од странските гости. Скопје станува препознатлива туристичка дестинација, вредна да се посети.
Се поголем број туристи ја посетуваат Македонија. Во февруари оваа година, според Заводот за статистика, 27 278 туристи престојувале во нашата земја, што е зголемување за речиси 7 насто во однос на истиот месец минатата година.
Лука Андреев