Продолжен рокот за повикот од ИПАРД програмата
За 15 дена се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик од ИПАРД 2 програмата, и пријавувањето наместо до 6-ти, е до 21-ви септември. Барањата можат да поднесат за поддршка на инвестициите во основни средства, и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба. Кофинансирањето е 50 проценти од вложените средства...

Платежната агенција за 15 дена го продолжи рокот за поднесување на барањата за користење на средствата од ИПАРД 2 програмата. Огласот се однесува за поддршка за инвестиции во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба. Со овој јавен повик на земјоделците на располагање им се 5,7 милиони евра.
Прифатливи за кофинансирање од 50 проценти се трошоците за набавка на опрема и услуги, без трошоците за градежни работи.
Прифатливи инвестиции се и набавката на опрема за производство на енергија од обновливи извори и поставување или инсталирање на фотонапонски панели.
Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата се објавени на веб-страницата на Агенцијата.
Целта на ИПАРД програмата е преку соодветни мерки да се подобри конкурентноста на земјоделското и производството на храна, со усогласување со стандардите на Европската унија и економски развој на руралните средини.
Јавниот повик ќе трае до 21-ви септември, а крајниот рок за завршување на инвестицијата е до јуни 2023 година.
Методија Трајков
