Продолжува расправата за кандидатите за уставни судии на матичната собраниска Комисија
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска продолжува со расправата за предложените кандидати за уставни судии. Во петокот започна расправата за предлогот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство, да биде уставен судија...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска продолжува со расправата за предложените кандидати за уставни судии. Во петокот започна расправата за предлогот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство, да биде уставен судија.
Претходно, членовите на Комисијата ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, да биде предложена до Собранието за судија на Уставниот суд.
По завршувањето на расправата за Тодор Витларов, пратениците се очекува да ја разгледаат биографијата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
