Кина

Силен земјотрес ја погоди Кина

05.09.2022 08:40

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Лудинг во југозападната кинеска провинција Сечуан...

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Лудинг во југозападната кинеска провинција Сечуан.

Епицентарот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, соопшти центарот.

Земјотресот се случил на длабочина од 40 километри, соопшти EMSC.

Неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди градот Јан, во близина на Лудиг, соопшти центарот.