Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица
При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин...

На 04.09.2022 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија. При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
