МВР
Приведени крадци од Велес
05.09.2022 10:35
Тие биле затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата...

На 04.09.2022 во 05.35 часот на ул. „8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три малолетни лица од Велес.
Тие биле затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
