Македонија

МТСП: 8 Септември неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

05.09.2022 10:41

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 8 Септември 2022 година (четврток), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста.