Ситуацијата во регионот на Доњецк крајно напната

18.04.2014 12:50

Ситуацијата во регионот на Доњецк е крајно напната, а на украинско-руската граница мирна и спокојна, оценуваат набљудувачите на ОБСЕ по постигнатиот договор на четиристраната средба за Украина во Женева. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун го поздрави договорот, но американскиот претседател Обама изрази скептицизам.

Русите го потпишаа договорот. Прашањето е дали ќе го искористат своето влијание што до сега го демонстрираа на штетен начин за да се врати редот во Украина, да се одржат изборите и да се напредува со децентрализацијата што ја предложија. - Барак Обама, претседател на САД

Проруските сепаратисти за сега не покажуваат знаци дека ќе се разоружаат или дека ќе ги ослободат окупираните згради. Има непотврдени извештаи за престрелки во Доњецк, дел од Донбас, што располага со 10 милијарди тони јаглен.

Ако навистина решиле така, народот нема да прифати. Не ја слушнаа нашата волја. - Изјава на Проруски демонстрант

Не се согласувам со одлуката во Женева. Не можеме да се согласиме со нацистичката влада во Киев. - Изјава на Проруски демонстрант

Според шефот на руската дипломатија Лавров, дека решението на кризата мора да го најдат самите Украинци, преку уставни реформи.

Надеж ни дава тоа што САД и Европската Унија се искрено заинтересирани за трилатерална соработка со Русија и да ги убедат Украинците да седнат на преговори, а особено власта во Киев.- Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија

Договорот за деескалација предвидува двете страни да апелираат на смирување на ситуацијата, амнестија, разоружување на нелегалните групи, ослободување на окупираните згради и позначајна употреба на рускиот јазик.