Започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот
Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик...

Со воведен говор на јавниот обвинител, во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.
Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7=ми април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
