Почна штрајкот на матичните лекари, ќе се примаат само итни случаи
Почна протестот на матичните лекари. Бараат зголемување на капитациониот бод. Здружението најави дека ќе примаат само итни случаи, нема да издаваат рецепти и упати. На терен дел од докторите тековно ги извршуваат работите-потврдија пациенти...

Покрај најавите за протест на матичните лекари и известувањето дека ќе примаат само итни случаи, пациентите што ги сретнавме пред ординациите ни потврдија дека тековно ја извршуваат својата работа. Дел од нив издаваат и рецепти и упати.
Покачување на бодот, промена на режимот за препишување на лекови се дел од барањата на матичните лекари. Според д-р Шевченко, младите лекари треба да добијат шанса да работат во примарно здравство. Во спротивно многу брзо ќе останеме без ваков медицински кадар, што е загрижувачки по фактот дека голем дел заминуваат во пензија, а замена тешко се наоѓа поради што велат докторите може да се доведе примарното здравство во колапс.
Министерот Сали минатата недела изјави дека не го поддржува протестот на матичните лекари, додавајќи дека пациентите не смеат да трпат поради незадоволството на лекарите. Тој повика проблемите да се решаваат преку преговори.
Александра Спировска
