Шкотска ќе гласа за независност
По триста години, Шкотска можеби повторно ќе стане независна држава со сопствена управа и надвор од Велика Британија. Референдумот за независност е закажан за 18 септември. Исходот од овој референдумот може да отвори и многу други нерешени прашања во Европа.
По триста години, Шкотска можеби повторно ќе стане независна држава со сопствена управа и надвор од Велика Британија. Референдумот за независност е закажан за 18 септември. Исходот од овој референдумот може да отвори и многу други нерешени прашања во Европа.
На 18 септември ќе се одржи референдум за независност на Шкотска од Обединетото Кралство. Евентуалната независност на Шкотска ќе отвори многу прашања. Дали Шкотска автоматски ќе стане членка на Европската Унија и на НАТО или ќе мора да биде кандидат. Независна Шкотска ќе мора да најде и нова валута наместо британската фунта. Додека локалната власт во Шкотска целосно поддржува независност, дел од Шкотлаѓаните како поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон сметаат дека тоа ќе биде голема грешка што ќе отвори многу други нерешени прашања во Европа.
„Најгласните скандирања за распадот на Британија ќе бидат од нашите противници и непријатели. Ослабувањето на втората по моќ сила на Западот, ќе биде катастрофална во геополитичка смисла.„- Изјава Џорџ Робертсон-поранешен генерален секретар на НАТО
Доколку референдумот за независност на Шкотска биде успешен, истиот пример ќе го следи и Каталонија со референдум за независност од Шпанија. Ситуацијата со Крим, но претходно и со Косово започна нова пракса во Европа која досега беше верна на политиката на неменување на границите. Опасноста е дека не само во овие региони, проблеми ќе се отворат и на Балканот и други делови од Европа каде има нерешени тероторијални прашања како Северна Ирска. Проблеми ќе има и во статусот на Обединетото Кралство.
„Евентуалната независност на Шкотска ќе има последици и врз статусот на Британија како постојан член во Советот за безбедност на Обединетите нации.„
Ирина Гелевска – постојан дописник за МРТ од Вашингтон
