Велика Британија

Велика Британија денеска ќе го дознае името на новиот премиер

05.09.2022 13:08

Во Велика Британија денеска се објавува резултатот од гласањето на членовите на Конзервативната партија за нов партиски лидер...

Во Велика Британија денеска се објавува резултатот од гласањето на членовите на Конзервативната партија за нов партиски лидер.

Ќе биде познато дали поранешната министерка за надворешни работи Лиз Трас или ексминистерот за финансии Риши Сунак ќе го замени Борис Џонсон на премиерската функција.

Последните анкетите покажуваат дека фаворит за лидерското место во партијата и за премиерската функција е Трас. Првата седница на новата британската влада ќе биде на в среда.