Влада

Усвоена преговарачката структура за ЕУ

05.09.2022 14:00

Владата ја постави преговарачката структура. Планира до 2030-тата Македонија да стане членка на Унијата. Најави транспарентен процес. Побара да се приклучи и опозицијата. Вицепремиерот Маричиќ – главен преговарач во тимот...

Завршување на преговорите со Европската унија до 2030 година е целта на Владата, по воспоставувањето на структурата за пристапување. Премиерот Димитар Ковачевски апелира на општествен консензус за постигнување напредок кон Унијата, повикувајќи ја и опозицијата да учествува и да го поддржи и помогне процесот. Верува дека институциите имаат капацитет и ефикасна структура за преговорите со Брисел.

Главен преговарач ќе биде вицепремиерот Бојан Маричиќ. Освен него, во тимот ќе има и заменик преговарач, Комитет и државна делегација за преговори, како и главен економист, правник и антикорупционер. Формирани се и повеќе работни групи и комитети, како и помошни тела поделени по кластери.

Од Владата велат само ако сме искрени ќе имаме ефикасно спроведување на потребните реформи подготвеност за следната фаза, а тоа е отворањето на кластерите и поглавјата.

Марија Котовска