НБРМ

Стабилноста на денарот е успешно одржана, банките отпорни на шокови

05.09.2022 13:57

Стабилноста на денарот е успешно одржана, речиси сите сегменти од финансискиот пазар остварија забрзан раст-објави Советот на Народната банка. Го усвои извештајот за финансиска стабилност...

Стабилноста на денарот е успешно одржана, речиси сите сегменти од финансискиот пазар остварија забрзан раст-објави Советот на Народната банка. Го усвои извештајот за финансиска стабилност.

Во соопштението велат – од март годинава со постепено зголемување на основната каматна стапка, се придонесува за смирување на инфлациските очекувања и одржување на среднорочната ценовна стабилност. Банкарскиот сектор добро се справи со ризиците од пандемијата и е подготвен да одговори на предизвиците што би можеле да произлезат од руско-украинскиот конфликт.

Кредитното портфолио е здраво и стапката на нефункционални кредити бележи подобрување во однос на претпандемичниот период. Кредитниот раст според банкарите забрза поддржан од растот на депозитите. Од Народната банка велат дека се подготвени за преземање соодветни мерки доколку се оцени дека е потребно за да се одржи севкупната финансиска стабилност во земјава.