Велигденски саем во Охрид
Првиот Велигденски саем во Охрид , на кој се изложени празнични производи на домаќинките ќе значи дополнителна атракција за туристите и исполнување на хуманитарната цел за која се наменети средствата од нивната продажба...
Охриѓани велигденските празнувања ги започнаа со востановување на манифестацијата „Велигденски саем„.Три дена граѓаните и гостите ќе имаат можност по промотивни цени да уживаат во вкусот на велигденскиот козињак,тортите,колачите и други пекарски производи,но и да купат некоја од ракотворбите,велигденските декорации или украсите.
„Ние за Велигден изработивме кошнички,украсени јајца,украси... За да се изработи е тешко,но со желба и труд се можеме да надминеме...Тоа не прави среќни,со помислата дека некому ќе му помогнеме...Mислам дека идејата е прекрасна затоа што можеме пред јавноста да ги прикажеме нашите креации“, велат охриѓани.
Велигденскиот саем е во духот на христијанството и има хуманитарен карактер.
„Има за цел првенствено да им помогне на социјално загрозените категории и воедно би ја искористил оваа прилика да ги повикам сите хумани луѓе од Охрид,да дојдат да го посетат овој саем и да дадат свој придонес во помаганјето на социјално загрозените категории“, изајви Никола Бакрачески градоначалник на Охрид.
„Планираме да трае три дена во зависност од интересот и се надевам дека ќе биде посетен“, додава Тони Коталески, директор на Градски пазар-Охрид.
Учество на манифестацијата зедоа основните училишта,Факултетот за туризам и угостителство,Жито леб и производители на ракотворби,чиј број наредната година се очекува да биде далеку поголем.
Сашо Нелоски
