Министерот за здравство во посета на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа
Министерот за здравство на Република Северна Македонија, д-р Беким Сали, ја оствари првата официјална посета на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа во придружба на свои соработници, при што беше потврдена заложбата за заемна соработка со цел подобрување на јавното здравје...

Министерот за здравство на Република Северна Македонија, д-р Беким Сали, ја оствари првата официјална посета на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа во придружба на свои соработници, при што беше потврдена заложбата за заемна соработка со цел подобрување на јавното здравје.
На почетокот од работната посета на 2 септември, министерот Сали оствари средба со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа. Д-р Клуге ги пофали напорите што Република Северна Македонија ги прави за унапредување на националната здравствена агенда, и додаде дека ќе продолжи поддршката од СЗО за државата за натамошна операционализација на реформата на примарната здравствена заштита, проширување на улогата на медицинските сестри во пружањето здравствени услуги бидејќи тие во голема мера можат да придонесат за подобрување на нашиот здравствен систем, процесот на одговор и закрепнување од Ковид-19, како и за новите иницијативи во областите на контролата на тутунот и безбедноста на пациентите.
„Забрзувањето на реформата на примарната здравствена заштита со цел постигнување состојба каде услугите ќе бидат достапни за граѓаните, а во центарот на вниманието ќе бидат луѓето, како и зајакнувањето на контролата на тутунот, се двете клучни области каде Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и Министерството за здравство на Република Северна Македонија изразуваат посветеност за уште потесна соработка во иднина. Пресреќен сум што здравјето е толку високо на агендата на Република Северна Македонија, а со денешнава посета дополнително ја зајакнавме одличната меѓусебна соработка,“ – изјави д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
