Македонија

КСС бара социјален дијалог и субвенции за надминување на последиците од енергетската криза

05.09.2022 15:09

Конференцијата на слободни синдикати побара поддршка од Владата за надминување на последиците од енергетската криза. Синдикалците предупредија дека без помош за компаниите и за претпријатијата, ќе има отпуштање на работници и иселување на работната сила во странство...

Конфедерацијата на слободни синдикати побара поддршка од Владата за надминување на последиците од енергетската криза. Итно да профункционира социјалниот дијалог за да им се помогне на работниците, бизнис секторот и јавно-комуналните претпријатија, побезболно да ја пребродат енергетската и економската криза, како и да се субвенционира струјата во индустриските капацитети и комуналните претпријатија.

„Ако властите во најитен можен рок не изнајдат решение за субвенционирање на струјата во големите индустриски капацитети и, пред сè, во јавните комунални претпријатија како даватели на услуги на граѓаните, ќе се соочиме со зголемување на цените за комуналните услуги, но и со губење на работни места. Доведен ќе биде во прашање опстанокот на работникот во тешката зима што претстои, рече денеска на прес-конференција претседателот на КСС“, изјави Благоја Рилповски, претседател на Конфедерација на слободни синдикати.

Синдикалците предупредија дека без помош за компаниите и претпријатија, ќе има отпуштање на работници и иселување на работната сила во странство.

Ирина Гелевска