Презентирани приоритетите на чешкото претседателство со ЕУ
Меѓу главните приоритети ќе биде и процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократските институции.

Амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва ги презентира Програмата и приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2022 година, пред членовите на Комисијата за европски прашања. Според него, меѓу главните приоритети ќе биде и процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократските институции.
Дејвид Гир, шефот на Делегацијата на ЕУ порача дека земјава има стабилен напредок во одредени области, истакна дека ни претстои борба против организираниот криминал и корупција.
Храбрите и мудрите одлуки кои ги донесоа владата и парламентот се единствена гаранција за стабилност на државата и за просперитетна иднина. Нема алтернатива за владеење на правото, порачаа социјалдемократите.
Опозицијата го поддржува членство во ЕУ, но врз база на европските вредности и принципи кои се вградени во Лисабонскиот договор. Велат, ниедна земја не смее под уцени на држава од Европската унија да прифати менување на највисокиот правен акт.
За 18 години, колку што е членка на ЕУ, Чешка по вторпат претседава со Унијата. Од 1-ви јануари идната година Шведска ја презема палката на чело на ЕУ.
Игор Панов
