Реал и Барса на чекор до “Фајнал фор“

18.04.2014 13:18

Шпанските гиганти максимално го искористија домашниот паркет во четвртфиналните дуели од кошаркарската Евролига. Реал Мадрид и по вторпат во три дена му зеде мерка на бранителот на трофејот Олимпијакос, со победата иод 82 : 77. Иако не беше изразена со висока разлика како онаа на стартот од серијата, “Кралевите“ уште од почетокот се здобија со предност, која на полувремето изнесуваше 9 поени и не му дозволија на противникот да ја загрози. Најдобар поединец беше Грчкиот центар Бурусис, кој на клубот во кој играше 5 сезони му уфрли 19 поени, а оствари и 10 скокови.

Шпанските гиганти максимално го искористија домашниот паркет во четвртфиналните дуели од кошаркарската Евролига. Реал Мадрид и по вторпат во три дена му зеде мерка на бранителот на трофејот Олимпијакос, со победата иод 82 : 77. Иако не беше изразена со висока разлика како онаа на стартот од серијата, “Кралевите“ уште од почетокот се здобија со предност, која на полувремето изнесуваше 9 поени и не му дозволија на противникот да ја загрози. Најдобар поединец беше Грчкиот центар Бурусис, кој на клубот во кој играше 5 сезони му уфрли 19 поени, а оствари и 10 скокови. Кај гостите одново Спанулис беше најдобар со 18 поени.

Со 2 : 0 во серијата до 3 добиени меча поведе и Барселона, која уште во првите 10 минути поведе со 21 : 8 против Галатасарај, како вовед во втората победа со над 20 разлика, изразена со 84 : 63. Куриозитет е што кај Каталонците сите 11 се впишаа меѓу стрелците, освен Наваро кој имаше најмала минутажа, а најефикасен беше Олесен со 14 поени. Турците без најдобриот Аројо, кој се повреди уште во првиот натпревар во ниту еден момент не беа достоен ривал, а најекспониран беше Домеркант со скромни 11 поени.

Серијата во следните два меча се сели на Балканот, иако може да заврши со евентуална гостинска победа на шпанските клубови. Барселона задутре гостува во Истанбул, а ден потоа во Пиреја Олимпијакос му е домаќин на Реал Мадрид. Во меѓувреме, вечерва се играат вторите натпревари во пресметките меѓу ЦСКА – Панатинаикос (1 : 0), и Емпорио Армани – Макаби (0 : 1).