Свет

Цените на нафтата над 96 долари, ОПЕК го намалува производството

05.09.2022 19:15

ОПЕК одлучи благо да го намали производството во октомври, за само 100 илјади барели дневно, што одговара само 0,1% на глобалната побарувачка.

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се искачија над 96 долари откако водечките производители одлучија благо да го намалат производството во октомври.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладнето беше повисока за 3,43 долари отколку на затворањето на крајот од минатата недела и изнесуваше 96,42 долари. На американскиот пазар, барелот во електронската трговија се тргуваше по 2,94 долари повисока цена, од 89,87 долари.

ОПЕК одлучи благо да го намали производството во октомври, за само 100 илјади барели дневно, што одговара само 0,1% на глобалната побарувачка.

Цените на гасот, пак утрово на европските пазари забележаа раст за 30%. Аналитичари предвидуваат зголемена потрошувачка на нафта во производството на електрична енергија.