Политика

СДСМ: Мицкоски на погрешен начин бара спас за фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ

05.09.2022 21:19

Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ...

Граѓаните се за напредок, за членство во ЕУ. Таа стратешка цел на државата поставена уште од независноста, тој сон на многу генерации сме на чекор да го оствариме, реагираат од владејачката СДСМ.

Оттаму велат- започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет. Европскиот процес до полноправно членство сите политички партии кои и мислат добро на државата, на граѓаните го поддржуваат. Само Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев се против ЕУ.

Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ. Откако пропаднаа сите негови лаги за бугаризација и асимилација, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа и не гласаа против во Собранието. Сега Мицкоски сака одговорноста за неговите неуспеси да паднат врз неговите членови.

На погрешен начин Мицкоски бара спас за својата фотелја, со нови обиди да ја закочи државата и да го блокира членството во ЕУ.

Референдум против ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните и нема да успее, соопштуваат од партијата.