Болт се воодушеви на голот на Бејл

18.04.2014 13:21

Светскиот рекордер на 100 метри, Јусеин Болт, го пофали Герет Бејл за спринтот во финалето на шпанскиот фудбалски куп против Барселона, кога Велшанецот го претрча Бартра и го постигна решавачкиот гол за победа на Реал Мадрид со 2-1.

„Тоа беше дело што секој спринтер сака да го оствари. Истрча феноменално, го остави противникот зад себе, ја исконтролира топката и погоди. Прекрасен гол“, јасен беше актуелниот олимписки и светски шампион на 100 и на 200 метри.

Најбрзиот човек на планетата на сите времиња неколку пати играше фудбал во добротворни натпревари, а не крие дека навива за Манчестер јунајтед. Во една прилика дури и го облече дресот на англискиот клуб во ревијален натпревар. Овој пат, сепак, се воодушеви на потег на играч од кралскиот клуб.