Македонија

Од денеска до петок во Скопје посебен режим на сообраќај, доаѓаат претседателите на Словачка и Италија

06.09.2022 07:59

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова...

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.

На 8 и 9 септември во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Од тие причини, соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.