Тетово

Денеска закажано првото рочиште за пожарот во модуларната болница

06.09.2022 09:09

Во тетовскиот суд на обвинителна клупа треба да седнат обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница...

Во тетовскиот суд на обвинителна клупа треба да седнат обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница. За денеска закажано првото рочиште.

Обвинети за пожарот се поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими, раководно лице во болницата и дежурниот доктор.

Во пожарот во модуларната болница на 8 Септември лани загинаа 14 луѓе. Обвинение има и за Општата болница – Тетово.