Франција и Германија заедно против енергетската криза
Франција ќе биде подготвена да и обезбеди гас на Германија, додека Германија се согласи да испрати струја во Франција доколку е потребно, изјави Макрон на прес-конференција по телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц...

Франција и Германија се договорија меѓусебно да си помагаат во справувањето со енергетската криза што произлегува од војната во Украина, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Франција ќе биде подготвена да и обезбеди гас на Германија, додека Германија се согласи да испрати струја во Франција доколку е потребно, изјави Макрон на прес-конференција по телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц.
„На Германија и треба нашиот гас, а нам ни треба струја од остатокот од Европа, особено од Германија“, рече Макрон.
Тој додаде дека Франција сака да ги развие сите енергетски интерконекции кои имаат смисла, но дека не гледа потреба од изградба на дополнителни гасоводни капацитети меѓу Шпанија и Франција.
Макрон рече дека во последните недели постојниот капацитет на гасоводот Шпанија-Франција
