Ф1 е во Кина
Патеката во Шангај е 4-от предизвик новата сезона на Формула 1 шампионатот. Мерцедес доминантно мина низ првите три натпревари и го предводи поредокот кај конструкторите , а Росберг со 61 и Хамилтон со 50 поени, веќе имаат солидна предност во битката за титулата пред Хулкенберг со 28, Алонсо со 26 и Батон и Фетел со по 23 поени.

Патеката во Шангај е 4-от предизвик новата сезона на Формула 1 шампионатот. Мерцедес доминантно мина низ првите три натпревари и го предводи поредокот кај конструкторите , а Росберг со 61 и Хамилтон со 50 поени, веќе имаат солидна предност во битката за титулата пред Хулкенберг со 28, Алонсо со 26 и Батон и Фетел со по 23 поени. Сепак искра надеж за најуспешниот тим во 10годишната историја на кинеското гран при Ферари кој има 4 победи е најдоброто време на Алонсо на првиот тренинг, иако веќе на вториот приматото го презеде Хамилтон пред Алонсо, Росберг и Рикардо.Токму минатогодишниот победник Алонсо и Хамилтон се најуспешни во Шангај со по 2 победи, историјата вели дека на 5 од десетте досегашни трки во Кина победил носителот на пол позицијата , само 2 пати првиот на стартот не завршил на подиумот, а Шумахер во 2006-тата триумфирал од најлоша позиција на стартот-6-тата.На патеката одново се поставени 2 ДРС зони на долгите правци комбинирани со серија бавни и брзи свиоци каде што сет-апот ќе игра клучна улога. Од вториот тренинг ќе остане забележано новото излетување на Малдонадо кој сериозно го оштети болидот, па се поставува прашањето дали неговите спонзорски пари се доволни само да ја покријат штетата што ја прави венецуелецот. Квалификациите се утре во 8 часот , а трката в недела во 9 со преноси МТВ.
