Гардијан: Трас нема да му понуди на Сунак место во нејзиниот кабинет
Лиз Трас, која денес ги презема должностите на премиерка на Британија, нема да му понуди на поранешниот министер за финансии Риши Сунак место во нејзиниот кабинет, објави британски Гардијан...

Лиз Трас, која денес ги презема должностите на премиерка на Британија, нема да му понуди на поранешниот министер за финансии Риши Сунак место во нејзиниот кабинет, објави британски Гардијан. Сунак претходно рече дека нема да прифати министерска позиција во владата на Трус.
Се очекува Тереза Кофи, актуелната министерка за труд и пензиска политика, да стане министерка за здравство. Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател изјави дека ќе се повлече од функцијата. Претседателот на Франција, Емануел Макрон рече изјави дека Париз е подготвен да соработува со новата британска премиерка Лиз Трас.
