Кина
Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачи на 46
06.09.2022 09:53
Бројот на жртви во земјотресот што ја потресе југозападната кинеска провинција Сечуан достигна 46 загинати и 50 повредени. 16 лица се водат како исчезнати...

Бројот на жртви во земјотресот што ја потресе југозападната кинеска провинција Сечуан достигна 46 загинати и 50 повредени. 16 лица се водат како исчезнати.
Најтешко погодена е областа Лудинг. Потресот уништи куќи и предизвика лизгање земјиште. Многу од улиците во засегнатото подрачје сè уште се блокирани од урнатини, а во прекин е снабдувањето со електрична енергија и вода, како и комуникациската мрежа.
