Јужна Кореја

Илјадници евакуирани поради тајфунот Хинамнор

06.09.2022 09:53

Тропскиот циклон со силен ветер и врнежи од дожд изутрината стигна до јужниот брег на јужна Кореја и предизвика поплави и лизгање земјиште...

3.500 луѓе се евакуирани, а приближно 15.000 лица се предупредени да не ги напуштаат домовите поради налетот на тајфунот Хинамнор во Јужна Кореја.

Тропскиот циклон со силен ветер и врнежи од дожд изутрината стигна до јужниот брег на јужна Кореја и предизвика поплави и лизгање земјиште. На јужниот остров Џеџу се оштетени неколку згради и друга инфраструктура.

Предупредување за тајфунот беше издадено и во Северна Кореја. Според севернокорејските медиуми лидерот Ким Џонг-Ун во неделата и вчера имал состанок официјални лица за воведување на заштитни мерки од Хинамнор.