Регион

Ердоган во посета на Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска

06.09.2022 10:07

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска почнува тридневна турнеја во чии рамките ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.

Ердоган денеска во Сараево ќе разговара со највисоките претставници на Босна и Херцеговина.

Турскиот претседателот потоа ќе престојува во официјална посета на Србија, каде домаќин ќе му биде претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

За време на неодамнешниот престој на турскиот министер за надворешни работи во Белград, беше речено дека за време на посетата на претседателот Ердоган е планирано потпишување на голем број меѓудржавни договори, кои очекувано треба да дадат дополнителен поттик за развојот на севкупните билатерални односи.

За време на посетата на Хрватска на 8-ми септември, Ердоган ќе разговара со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Собранието Горан Јандроковиќ.